нашиот пристап
Дефинирање на барањата на клиентите
Клучно за успешна реализација на секој проект е јасно и прецизно дефинирање на потребите и очекувањата на клиентите од консултантите.
Снимање на постоечката ситуација
Заради увид во состојбата кај клиентот правиме
ГЕП-анализа како основа за планот на активностите што треба да се имплементираат.
Дизајн и имплементација
Врз основа на утврдените барања, планот и долгогодишното искуство и експертиза, развиваме прилагодени менаџмент системи и решенија.
континуирано унапредување
Одржливоста и постојаниот развој се наша заложба за воспоставување на функционални и еластични деловни системи кај секој наш клиент.
За нас
експертиза во повеќе области на менаџментот
Со нас до поголема конкурентност
и успех
Динамик Консалтинг е компанија официјално основана во 2001 година од професионалци со богато искуство во работењето и успешно ја извршуваме нашата дејност повеќе од 15 години.
Со сопствено развиена специфична методологија им помагаме на повеќе од 250 водечки компании во Македонија и регионот во речиси сите стопански дејности во оптимизација на нивните перформанси, конкурентност, профит и имиџ.
Во своето работење вклучуваме повеќе од 40 најуспешни консултанти, менаџери, експерти и обучувачи преку партнерства на различни проекти.
Членуваме и активно учествуваме во работата на повеќе од 30 домашни и меѓународни професионални здруженија и тела.
-
Oснована во 2001 година>15 години искуство
-
Клиенти - компании>250
-
Соработници и консултанти
>40
-
Активно членство
>30 организации и тела
наши услуги

Организациски и Менаџмент системи

Менаџмент со Човечки Ресурси

Обуки, Тренинг и Коучинг
